28 C
Struga
Friday, July 26, 2024
spot_img

Вархеји: Отворен Балкан е можност за регионот да ги надмине предизвиците

Комесарот Оливер Вархеји, во своето обраќање на иницијативата Отворен Балкан рече дека проектот започнат од самите држави на Западен Балкан е одлична можност за надминување на предизвиците со кои се соочува регионот, како и можност за побрз напредок кон ЕУ.

„Иницијативата Отворен Балкан не е само добра и сите ја поддржуваме, туку таа е можност за регионот да ја смени реалноста и да ги надмине предизвиците со кои се соочува регионот години. Секако, може да биде и можност за забрзување на патот кон ЕУ. Ако работата ја завршиме добро, ќе ја забрза економската интеграција на регионот и да ја забрза реалната интеграција во ЕУ. Вистинската интеграција започнува со економијата и со општеството“, рече Вархеји.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles