28 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Бројот на заболени се намалува, надлежните не размислуваат за олабавување на мерките

Иако бројките на новозаразени од коронавирусот на дневна основа опаѓаат, а се очекува тој тренд да продолжи, засега нема дополнително олеснување на ковид мерките, порача министерот за здравство Беким Сали.

Вели дека не сака да се случи сценариото на дел од европските земји, кои прерано ги олабавија мерките, па бројот на новозаразени да добие огромен скок. Според него избрзани одлуки не доаѓаат во предвид, ситуацијата внимателно ќе се следи и според неа ќе се постапува.

-Се уште не сме спремни за целосно укинување на мерките или пак постепено намалување на мерките. Според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерењето на капацитетите на здравствениот систем, а не за поединците, еден од индикаторите е број на заразени, но важен е и бројот на хоспитализираат. Според таа состојба ние се уште не сме спремни за намалување на мерките, вели Беким Сали Министер за здравство.

Дел од земјите во регионот ги укинуваат сертификатите за вакцинација, но во Македонија во моментов тоа не се планира, иако нема некој драстичен скок на вакцинирани во изминатиов период и поркај апелите и пораките од здравствените работници. Сепак Сали смета дека сертификатите во моментов треба да останат, оти се уште има простор да се допре до граѓаните и тие да се заштитат од вирусот со вакцина.

-Резултатот од првата недела со зголемување на бројот од 60% од таа постоечка динамика ни дава знак дека се уште има простор да се работи во насока на зголемување на новоимунизирани пациенти, така да не сме во фаза на откажување од таа кампања и прекување на тие цели.

Моменталната состојба им дозволи на интерните клиники, кои беа претворени во ковид центри, да се вратат на своите задачи вели министерот, а борбата со коронавирусот во моментов ја водат само инфективните клиники ширум земјава.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles