16 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Британците објавија нова мапа, се гледа руското напредување 

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во својот најнов дневен билтен на бојното поле вели дека Кремљ „досега не ги постигнал своите првични цели“ и е „изненаден од обемот и интензитетот на отпорот на Украина“.

Во своето последно ажурирање на разузнавањето, Министерството за одбрана на Британија вели дека Русија била принудена да го промени својот оперативен пристап и сега спроведува стратегија за исцрпување.

„Ова најверојатно ќе вклучува неселективна употреба на огнена моќ, што ќе резултира со зголемување на цивилните жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза“, се предупредува.

Британското Министерство за одбрана објави мапа со руските напади и напредок, која ја објавува секој ден.

Денеска објавената карта го покажува напредокот на Русите на југ, за разлика од вчерашната карта. Така, на денешната карта се гледа дека Русите, според Британците, заземале дел од областа на југ меѓу Херсон и Миколаев.

Подолу се делови од денешната мапа:

Подолу е вчерашната мапа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles