28 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Битиќи лут на одредени компании: Некоректно и неморално е што ги зголемија цените

Вицепремиерот Фатмир Битиќи затекнат од новите цени на храната. 

Зошто драстично се зголемиле цените на основните производи ќе чека извештај од инспекциите од кои очекува да излезат на терен и да проверат. Според Битиќи цените не се реални, прстот за поскапувањето го впери во производителите кои според него манипулираат со граѓаните.

„Однесувањето некоректно, неетичко и неморално на дел од компаниите со зголемување на цените набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не може да прифатиме цената да се зголеми 20% за 24 часа, кога производствената цена не може да порасне за 20% за еден ден. Сметам дека е само манипулација кон нашите граѓани и затоа очекуваме соодветна реакција од инспекциите.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Цените на основните прехранбени продукти на 1ви јуни драстично пораснаа, откако се врати ДДВ-то од 5% и маржата за трговците. Па така речиси сите цени се зголемија за минимум 5 денари. Се вратија и давачките за горивата, па така Регулаторна на два дена ги зголеми цените, со што за прв пат бензините ја надминаа 100тката.

Според дел од експертите цените ќе продолжат да растат, но со забавено темпо. Благица Петрески од институтот Фајненс тинк за Канал 5 вели дека државната помош треба да продолжи преку делење ваучери и даночни олеснувања, но само за најпогодените од кризата.

„Имаме зголемување на буџетски дефицит и поголем јавен долг тоа значи дека нашиот фискален простор е веќе исцрпен. Потребно е да бидат преземени и понатаму мерки, да се менаџира кризата, но повеќе насочени кон ранливи категории граѓани, таргетирани наместо линеарни, каде може да се изведени преку ваучери или дополнитени даночни олеснувања.“ истакна Благица Петрески, Фајненс тинк.

Дека државна помош нема да има за сите граѓани потврди и вицепремиерот Битиќи. Сепак, какви мерки ќе има, ќе се знае најверојатно на крајот на месецов откако ќе се изгласа ребалансот на буџетот со кој се предвидени 76 милиони евра за мерки, а за кој комисиска расправа е закажана на 13ти месецов.

Според Петрески пак, додека се чека на парите од ребалансот државата може да интервенира преку други механизми за да го ублажи ценовниот шок.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles