11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Бесплатен скрининг за имунитет на Ковид-19 на неколку локации

Случајните минувачи на улица Македонија во ред чекаа да дознаат дали имаат антитела. Голем интерес на првиот ден од скринингот за да се види каков имунитет за Ковид имаат македонските граѓани. Тестирањето почна во Скопје и освен во центарот на градот примероци од крв наредните денови ќе се земаат на уште 4 локации, а ќе бидат опфатени 1000 граѓани.

Од Институтот за имунологија велат дека целта е да се види за колку е зголемен имунитетот стекнат со прележување или со вакцинација за една година бидејќи минатогодишната студија направена пред почетокот на вакцинацијата на ист примерок и исти локации покажа дека само 30 проценти од граѓаните имаат имунитет.

-Испитаниците кои влегуваат во испитувањето се по случен избор. Ние не ги бираме туку ги прашувамке дали сакаат да учествуваат во истражувањето, пополнуваат прашалник, со нивни податоци, дали се вакцинирани, дали се прележани и како можат да ги добијат резултатите, изјави д-р Горјан Милановски, од Институтот за имунологија.

После Скопје скринингот ќе продолжи и во други градови низ државата, но не по случаен избор туку според репрезентативен примерок кој ќе биде утврден деновиве. Во Центрите за јавно здравје или во трансфузиолошките служби во нивните градови ќе бидат повикани не само прележани, туку и комплетно вакцинирани со бустер на различна возраст, здрави граѓани, но и лица со коморбидитети.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles