-3 C
Struga
Tuesday, January 25, 2022
spot_img

Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата

Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Во одговор на новинарско прашање, Бесими, не сакаше да калкулира со бројки, посочувајќи дека тоа ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика.

– Во однос на цената на електричната енергија и имаме дадено на ЕСМ скоро пет милијарди за обезбедување на дополнителни ресурси за производство на електрична енергија или снабдување со електрична енергија за регулираниот пазар. Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече Бесими.

Замрзнување на цените на основните прехранбени производи, според Бесими, треба да се гледа како времена мерка, а во однос на предлогот да се замрзне маржата, рече дека во зависност од потребите што ќе се појават, ќе се дизајнираат мерките.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles