22 C
Struga
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Ахмети убеден дека спорот со Бугарија брзо ќе се реши

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш го повтори ставот дека е против предвремени парламентарни избори. Ахмети на средба со новинарите по повод новогодишните празници, рече дека е убеден оти спорот со Бугарија брзо ќе се затвори. Тој рече дека има приближување на ставовите, но побара спорот да не се политизира поради чувствителните прашања кои се опфатени во него.

„Мислам дека во ова време земјата нема потреба од предвремени избори, туку треба да ги реши проблемите со кои се соочува. Во ова пригода, сакам да истакнам дека ако сакаме да имаме стабилна, одржлива и напредна ситуација во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се реши спорот или разликите што ги имаме со Бугарија за договорот за добрососедство. Мислам дека има напредок по ова прашање и се надевам дека во наредните денови или месеци, овој проблем ќе добие разрешница, но под услов, ниту од нашите власти, ниту од страна на бугарските власти, овој проблем да не се политизира и да не му се даваат емоции, затоа што е тема која сама во себе содржи многу емоции.“

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles