4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Артилериски оган на истокот на Украина, утре се евакуираат предградијата на Доњецк  

Ниту вечерва нема мир во источна Украина. Продолжија артилериските дуели, а покрај минофрлачите била употребена и посилна артилерија, особено 152 мм.

Артилериските дуели се водат со повремени прекини.

На социјалните мрежи се појави видео од населбата Станица Луханска, која е на линијата на контакт со силите на Народната република Донбас.

На видеото кое се појави вечерва се гледа куќа која била уништена од артилериска граната и бил предизвикан пожар на гасоводот, кој мештаните се обидуваат да го изгаснат.

Некои руски медиуми јавија и дека одбранбените сили на Народните републики Доњецк и Донбас утре рано наутро ќе започнат со евакуација на селото Александровка во предградието на Доњецк.

Оваа информација ја соопштија неколку новинари на руските медиуми од Доњецк, повикувајќи се на шефот на администрацијата Константин Цалог, објави срспки Блиц.

Имено, позициите на украинските единици се наоѓаат на само неколку стотини метри од селото Александровка, а евакуацијата следи бидејќи селото е под постојан оган.

Според Константин Чаги, мештаните ќе се соберат во близина на селското училиште и со организирани автобуси ќе бидат префрлени на безбедно. Точната локација не е соопштена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles