18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Американскиот Сенат одобри помош за Украина од речиси 40 милијарди долари

Американскиот сенат одобри помош за Украина од речиси 40 милијарди долари, што е најголемиот пакет од почетокот на руската инвазија.

Станува збор за воена, економска и хуманитарна помош, а во Сенатот беше изгласана со 86 гласа „за“ и 11 „против“.

Усвојувањето во Сенатот следува откако минатата недела пакетот доби зелено светло и во Претставничкиот дом. Сега законот за нова помош ќе биде испратен кај претседателот Џо Бајден за потпишување.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски веднаш се заблагодари нарекувајќи го пакетот „значаен придонес за обновување на мирот и безбедноста во Украина, Европа и светот“.

Исто така, порача дека очекува истиот наскоро да биде потпишан и од Бајден.

Зеленски алармираше дека руските сили „целосно го уништиле“ украинскиот регион Донбас и оти Русија ја интензивира својата офанзива во источна Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles