5 C
Struga
Wednesday, December 7, 2022
spot_img

Австриските пратеници ќе гласаат за задолжителна вакцинација

Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари.

Како што пренесуваат австриските медиуми, за предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали.

Екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот. Задолжителната вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за трудниците и сите оние кои не треба да се вакцинираат од здравствени причини.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles