Home Strugë Јован Рафтоски го фати Крстот во Струга

Јован Рафтоски го фати Крстот во Струга

Во Струга се слави големиот христијански празник Богојавление Водици.

Свеченоста на спуштањето на Светиот Крст во водите на реката Црн Дрим на која присуствуваа голем број граѓани се одржа во 11:00 часот.

Крстот  оваа година го фати Joван Рафтоски од Струга.

Среќниот фаќач на светиот крст беше  даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата, од градоначалникот Рамис Мерко  и спонзорите на манифестацијата.

Кум на манифестацијата оваа година беше Марјан Ќушкоски, а следната година кум ќе биде Бошко Пуроски.

Exit mobile version