Home Rajon Утре вечер гласање за недоверба на бугарската влада

Утре вечер гласање за недоверба на бугарската влада

По речиси осум часа расправа во бугарското Народно собрание, попладнево заврши дебата за предлогот на опозицијата за гласање недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Конечниот збор ќе го имаат пратениците утре во 19 часот и 10 минути кога е закажано гласањето.. Според најавите, за да преживее Владата на Петков до утре му се неопходни уште шест пратеници.. Бугарскиот премиер смета дека и да помине гласањето за недоверба, тие би имале уште една недела да обезбедат мнозинство во Собранието, кое би функционирало со помош на независни пратеници..

„Во однос на утрешното гласање за недоверба се надевам дека нема да помине. Ако помине, тоа е само еден чекор. После тоа, првиот мандат доаѓа кај нас, имаме уште седум дена да разговараме со пратеници, особено од „Има таков народ“, каде има луѓе кои се колебаат. Планот „Б“ е токму нашиот прв мандат и да ги користиме овие денови за да продолжиме со силната иницијатива дека овој парламент може да се управува и да има мнозинство од независни пратеници.“ , изјави Петков.

Exit mobile version