Home Sport СП: Македонските ракометари убедливи против Алжир во Президент купот

СП: Македонските ракометари убедливи против Алжир во Президент купот

Најдобрата репрезентација на Македонија на стартот на дуелите во Президент купот го декласираше Алжир со 40-25 и  го оствар првиот триумф на 28 Светски шампионат.

Црвено жолтите попладнево ја прекинаа разочарувачката низа од три порази на Мундијалот во Полска и Шведка.

Во напиот премиерен натпревар во Претседателскиоткуп во Плоцк подмладената Македонија го одигра најдобриот натпревар на Светскиот шампионат и славеше убедлива победа над солидниот Алжир.

Со денешната одлична игра подмладениот состав на Македонија го поправи лошиот впечаток од претходните три средби во групата Ф и убедивите порази од Норвешка, Холандија и Аргентина и покажа дека има квалитет за игра на вака големи натпреварувања.

Убедливиот триумф избраниците на Лазаров го најавија уште по првите десетина минути од мечот кога од минута во минута го решатаа голот на Алжир , постигнувајќи голови од сите позиции. .Манасков и Пешевски со по 7 голови беа нашите најефиасни ракометри на мечот во кои Лазаров им даде шанса за игра на сите 16 ракоматри. Одлични на голот беа и капитенот Никола Митревски и Мартин Тоовски.

Дулите во Президент купот Македонија ги продожува во сабота со меч од 18 часот против селекцијата на Тунис.

Exit mobile version