Home Sport Македонија ја елиминира Италија

Македонија ја елиминира Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија го елиминира европскиот првак Италија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Херој е Александар Трајковски кој постигна во 90.минута. Одиме во финале, против Португалија во Порто, на чекор до мундијалот.


Со гол на Александар Трајковски во судиското продолжение Македонија ја победи Италија во Палермо и ќе игра против Португалија меч за пласман на Светското првенство во Катар.

Exit mobile version