Home Rajon Ердоган во Албанија, турски згради за помош од земјотресот во 2019

Ердоган во Албанија, турски згради за помош од земјотресот во 2019

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја посети Албанија, за да учествува на церемонијата на предавање на становите изградени од турската влада за домаќинствата кои останаа без нивните домови, по земјотресот во 2019 година кај Лач. Турската влада изгради 524 станови. Потоа Ердоган се сретна со Еди Рама при што делегациите потпишаа седум договори од различни области.

„Од тука, преку вас, сакам да ги пренесам поздравите на мојата нација за цела Албанија. Сакам да истакнам дека сум многу среќен што сум овде со вас, што станав дел од овие емоции, радоста на Албанија е и наша радост. Вашата благосостојба и мир ја сметаме како наша, бидејќи како народ што доживуваме исти болки, земјотресот во Албанија нè повреди исто како вас. Веднаш штом ја добив веста за земјотресот, веднаш стапивме на потег да ја споделиме болката со погодените луѓе…“, изјави Ердоган.

„Горд сум што може да се наречам пријател на Ердоган, дури и германски новинар ме праша на конференција, дали е вистина дека сте негов пријател – и навистина е така. Реков – не… не ми е само пријател, туку ми е голем пријател… Се плашам од овој преведувач, бидејќи не знам како ме преведува, но немам друг начин затоа што сум возрасен веќе за да учам турски“, рече Рама.

Exit mobile version