Home Strugë Во Струга презентиран проектот на ,,Nansen Dialogue Centre” – Скопје

Во Струга презентиран проектот на ,,Nansen Dialogue Centre” – Скопје

Денеска во Салата за Совет на Општина Струга се одржа презентација на проектoт на “Nansen Dialogue Centre” од Скопје (www.ndc.mk) на чело со презентерот, г-дин Ветон Зеколи, и во присуство на претставниците од Општина Струга и наставниците кои предаваат албански, македонски, турски или српски јазик од основните и средните училишта на Општина Струга.

-Целта на презентацијата е да се информира воспитно – образовниот кадар со овој ресурс кој ќе може да го користат за време на редовната настава. Нансен Дијалог Центарот од Скопје, во соработка со канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства (ВКНМ) разви четиријазичен разговорник (албанско-македонски-турски-српски) за да им помогне на младите и другите возрасни групи да го научат јазикот на другите. Разговорникот е опремен со видео и аудио материјал, со разни игри, поговорки и други интересни елементи кои му овозможуваат на читателот лесно да научи друг јазик.-информираат од Општина Струга.

Разговорникот (www.fraza.mk) е бесплатен и може да се користи на кој било компјутер или да се преземе на мобилни телефони.

Exit mobile version