Home Rajon Три македонски државјанки спасени од давење во Албанија – драма со среќен...

Три македонски државјанки спасени од давење во Албанија – драма со среќен крај на плажата „Голем“ кај Каваја

Три македонски државјанки на возраст од 48,  60  и 66 години вчера попладне биле спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје.

Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.

„Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст“, стои во соопштението.

На албанското крајбрежје годишно летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

Exit mobile version