17 C
Struga
Monday, June 17, 2024
spot_img

УНИЦЕФ: Два милиона деца ја напуштиле Украина, над 100 се убиени

Приближно два милиони деца биле принудени да ја напуштат Украина – што сочинува половина од сите бегалци од војната – соопшти Детскиот фонд на Обединетите нации.

Повеќе од 1,1 милион пристигнале во Полска, со стотици илјади во блиските земји Романија, Молдавија, Унгарија, Словачка и Чешка.

УНИЦЕФ предупреди на зголемен ризик од експлоатација и трговија со деца кои бегаат од насилството. Во обид да ги смири тие ризици, агенцијата на ОН ги зголемува „Сините точки“, кои се безбедни простори за семејствата кои патуваат.

Повеќе од 100 деца биле убиени во конфликтот, додаде УНИЦЕФ, а повеќе од 130 се повредени.

Повеќе од 2,5 милиони деца се внатрешно раселени во Украина, според УНИЦЕФ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles