Home Maqedoni 54 милиони евра годишно планира да собере државата од новите даноци

54 милиони евра годишно планира да собере државата од новите даноци

54 милиони евра годишно планира да собере државата од новите даноци. Министерот за финансии Фатмир Бесими на брифинг со новинарите ги презентираше даночните реформи кои според најавите треба да стартуваат од 1ви јануари.

Измените предвидуваат: Да се плаќаат придонеси за договорците на дело, укинување на највисоката месечна пресметка на социјалните придонеси… Да нема поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд. Укинување на преференции кај премиите за животно осигурување. Укинување на даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка за фирмите. И воведување данок на каматите на штедните влогови.

„Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со 2% годишна камата, тоа значи имам добивка 2 илјади денари годишно. И сега би платил 10% данок, значи 200 денари годишно, кон државата.“ кажа Фатмир Бесими, министер за финансии

Прогресивниот данок кој требаше повторно да се воведе од 1ви јануари, планирано е да биде одложен.

Планирани се реформи и кај ДДВ-то, но за сите овие решенија Бесими вели дека не се дефинитивни и допрва ќе се дебатира, што ќе се воведе, а што не. Секое решение ќе има рок за имплементација од шест месеци.

Стопанството прво ги слушна новите измени минатата недела и – веќе се изјасни дека е против воедување на нови давачки во време кога државата се наоѓа во повеќе кризи и ја очекува тешка зима. Апелираат надлежните најпрво да работат на сузбивање на сивата економија, а дури потоа да се разговара за било какви промени во даночната политика.

Во меѓувреме Статистика измери рекордна инфлација од 16%. Трошоците за живот во јули во однос на претходниот месец најмногу пораснале кај лебот и житата за близу 5%, сирењето и урдата 4,5%, млекото 3,6 отсто.

Exit mobile version