Home Maqedoni 50 милиони евра вредна материја за производство на амфетамин запленета на скопскиот...

50 милиони евра вредна материја за производство на амфетамин запленета на скопскиот аеродром

Во голема полициска акција на скопскит аеродром запленета е материја за производство на амфетамин со пазарна вредност од над 50 милиони евра, дознава Сител Телевизија.                    

Денеска полицијата разби организирана криминална група и заплени над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин вреден над 50 милиони евра, дознаваме од извори во истрагата.Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуват во текот на денот. Според нашите извори, оваа огромна пратка тргнала од Шангај, преку Турција, а крајна дестинација била земја од Европската унија.

Exit mobile version