17.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

45 дена војна во Украина

Со гранатирање во Луганск и околу Днепар почна 45 ден од стартот рускиот напад на Украина. Западните медиуми јавуваат дека руски проектили погодиле неколку објекти во Северен Доњецк на за среќа нема жртви.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските хеликоптери уништиле конвој од украински оклопни возила и противвоздушна одбрана, објави новинската агенција Интерфакс.

Западните медиуми пренесуваат дека голем конвој со руски оклопни возила се движи источно од Харков. Според нивните претпоставки по повлекувањето на руските сили од околината на Киев, се очекува дел од силите да бидат префрлени во источна Украина за да ги интензивираат руските напади таму.

Украинскиот претседател по вчерашната средба со британскиот премиер Џонсон во полноќното видео обраќање рече дека руската агерсија е насочена кон цела Европа и уште еднаш ги повтори своите барања, оружје за Украина и санкции за Русија.

Во меѓувреме НАТО планира нови прегрупирања. Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг за британски Телеграф вели дека западот ја разгледува опцијата за засилено и постојано воено присуство на НАТО структурите на источните граници во контенкст на соочување со можна руска агерсија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles