23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

4 600 војници од НАТО, 45 хеликоптери и авиони дел од најголемата воена вежба во Македонија „Брз одговор 22“

Со десант од повеќе од 200 падобранци кои над воениот полигон Криволак беа испуштени од авиони на италијанската армија кои полетаа од базите во Авиано и од Сицилија, денеска започна презентацијата на воената вежба „Брз одговор 22“.

Додека падобранците слетуваа, на земја поддршка им даваа припадници на девет НАТО-армии опремени меѓу другото со хеликоптерите Блек Хоук, Чинук, Апачи, додека ловците Ф-16 и Тандерболт го штитеа небото над нив.

Норвешка, Литванија и Летонија заедно со Македонија се дел од „Брз одговор 22“ во кој учествуваат 17 НАТО-армии, од кои најголемиот контингент војници е во Македонија.

Во рамки на вежбата речиси синхронизирано се одржале и пет скокови на падобранци, од кои најголемиот е исто така во нашата земја.

Македонските, американските, британските, италијанските, шпанските, француските, грчките, црногорските и албанските војници денеска своите способности ги покажаа пред високи претставници на македонската држава, но и целиот Генераштаб на АРМ, но и пред високи гости на другите армии, меѓу кои и заменик-командантот на воените сили на САД за Европа и Африка.

Британската армија која на вежбата учествува со 3.000 војници од 16. борбена воздухопловна бригада, 2.000 ги испрати на Криволак.

Но освен својата подготвеност деветте НАТО- армии на Криволак прикаажаа и обединетост и сплотеност.

Според Петровска вежбата ги демантирала и сите оние кои досега тврделе дека македонската армија е неподготвена и не може да одговори на предизвиците на НАТО.

Воената вежба „Брз одговор 22“, која стартуваше на 2 мај, ќе трае до 20 мај.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles