32 C
Struga
Monday, July 15, 2024
spot_img

30 години од авионската нeсреќа во Македонија

Денеска се навршуваат 30 години од 5 март 1993 година, кога авионот на Палер Македонија, модел Фокер 100, се урна на околу 400 метри од аеродромската писта, веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром. Џон Бурк кој тогаш бил повикан да помогне во транспортот на преживеаните,  за Алсат се присеќава на тие страшни моменти.

„Местото на несреќата всушност беше во многу калливо, длабоко поле. Беше тешко да се слета таму. Исто така беше тешко да се влезе внатре. Излеговме од хелихоптерот и баравме преживеани за да може да ги пренесеме до болница. И други хелихоптери на Обединетите нации исто така полетаа и ни се придружија на местото на несреќата. Заедно, во координирани напори, почнавме да ги носиме луѓето, помагаа и  војници и локални полицајци, кои се обидоа да ги пренесат повредените  во нашиот хелихоптер”, рече Џон Бурк – пилот.

Еден од механичарите го фотогарфила местеото, зашто сакале да им помогнат на истражителите да ги откријат причините за трагедијата.

„Подоцна дознавме дека некои од луѓето што ги однесовме во болница починаа, но повеќето од луѓето што ги однесовме во болница преживеаја, и поради тоа навистина се чувтсвуваме задоволно што успеавме да помогнеме.  Но, за жал, повеќе од луѓето кои беа испратени со брза помош, починаа“, додаде тој.

И по 30 години вели дека понекогаш размислува што можело да ја предизвика таа несреќа, додавајќи дека на памет му паѓа само лошото време. Истрагата за несреќата, потпомогната од холандски истражен тим, заклучи дека причина за несреќата е губење на контролата на леталото поради акумулација на мраз на крилата на авионот. Во оваа трагедија животот го загубија вкупно 83 лица, од кои 79 патници и 4 членови на екипажот, . Авионската  несреќа ја преживеаа 14 патници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles