Home Botë 20-ти ден Русија ја бомбардира Украина, САД не се големи оптимисти на...

20-ти ден Русија ја бомбардира Украина, САД не се големи оптимисти на преговорите

Силни и жестоки експлозии се слушаа утринава во Киев. Уништени се 4 станбени згради, куќа, а и кровот на подземната железница каде се кријат голем дел од жителите на главниот украински град.

Ова остана од гранатирањето на 16-катната зграда, која беше погодена утринава. Загинаа најмалку две лица, но бројот веројатно ќе се зголеми, затоа што во урнатините има затрупани станари. Извлечени се 46 луѓе, но спасувачката акција продолжува додека чадот го зацрни синото небо. Се чини како руската војска да е на чекор до центарот на Киев. Но, според украинските генерали, топографијата и теренот на градот се на нивна страна, затоа што го сечат реките, не само моќниот Дњепар, туку и неговите притоки. Па, украинската војска тука ја гради својата одбрана.

Сателитските снимки го прикажуваат уништениот приморски град Мариупол, кој е срамнет со земја, и каде загинаа над двеипол илјади луѓе. За првпат конвој од 160 автомобили го напуштија овој град, што е и првиот успешен обид на организиран хуманитарен коридор од Мариупол, каде нема вода, струја, ниту храна. Денеска се отвораат уште девет коридори…Се слушаат и експлозии во Лвов. Тука е погоден воениот тренинг центар каде се убиени 20 луѓе.

Русија соопшти дека целата тероторија од областа Херсон е под нивна контрола. Сепак, според Пентагон, стратегијата на Путин не е многу успешна затоа што се соочува со силен отпор од украинската војска.

Според нас, генерално тие продолжуваат да бидат фрустрирани од многу цврстиот украински отпор и не го прават вистинскиот напредок на теренот што мислеа дека ќе го постигнат до овој момент, истакна Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Долго трае вчерашните преговори кои се одвиваа преку видео врска. Претседателот Зеленски е оптимист од последната рунда, и рече дека неговата делегација „завршила добра работа“, без да наведе детали. Денеска преговорите треба да продолжат, но според најавите во Турција. Америка не е толку убедена во прогресот на овие разговори. Сметаат дека Путин има прикажува лажна љубезност и има сосема друга идеја. Со оглед на уништувањето на Украина, целта му е да ја натера да се откаже од суверенитетот.

Тој очигледно ја има на ум окупацијата на Украина. И тој, исто така, јасно има на располагање дипломатски опции кои очигледно не е подготвен да ги прифати. Сега слушнавме разговори за разговори и очигледно би сакале да ги видиме дека јасно успеваат. Но, немаше голем напредок во тој поглед. Затоа, повторно, сакам да бидам внимателен и да не ги намалуваме видот на штетата и смртта што ги предизвикува со некаков вид сигнализација за пораки, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Но, украинците на терен се убедени во успех. Војната би можела да заврши до мај, оценува советникот на Зеленски, Олексеј Арестович. Тој вели дека е можно наскоро да се потпише мировен договор а се ќе зависи  од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања.о еден месец обука, оцени советникот.

Exit mobile version