Home Maqedoni 15 вакцинирани меѓу 60-те починати минатата недела

15 вакцинирани меѓу 60-те починати минатата недела

Петмина пациенти вакцинирани со две дози на Фајзер минатата недела ја загубиле битката со ковид 19. Тие се меѓу 15-те починати кои не го победиле вирусот иако се целосно имунизирани. Четворица биле со Синофарм, тројца со Астра Зенека, двајца со Синовак и еден со Спутник. Од министерството за здравство велат дека сите имале по две и повеќе хронични заболувања меѓу кои доминирале кардиоваскуларните.

Од 6-ти до 12 декември ИЈЗ регистрирал 66 смртни случаи од кои дури 22 проценти се лица кои примиле вакцини.

Засега отсуствува подетална анализа од здравствените власти која комплетно треба да даде слика и за возраста и за коморбидитетите кај починатите вакцинирани лица. Во текот на двегодишната пандемија само двапати имаше вакви неделни извештаи од МЗ. Од крајот на ноември досега нема и дневна информација за аплицирани дози на вакцини.

Што се однесува до имунизацијата, последните бројки покажуваат дека 39,4 проценти од целокупното население е вакцинирано.

Најмногу вакцинирани има со Фајзер – над 330 000 граѓани примиле две дози а 83 614 бустер. Најмалку аплицирани вакцини се Спутник која беше донација од Србија како и Астра Зенека која во земјата не е дозволена за помлади од 60 години.

Exit mobile version