Home Strugë Џудо клуб „Дрим“ од Струга со одличен успех на меѓународниот натпревар во...

Џудо клуб „Дрим“ од Струга со одличен успех на меѓународниот натпревар во Никшиќ, Црна Гора

На ден 22.10.2022 година,  Џудо клуб „Дрим“ од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Trofej Niksica” во Никшиќ, Црна Гора каде учествуваа преку 400 натпреварувачи. Џудо клуб „Дрим“ од Струга учествуваше со 7 натпреварувачи. 

Со медал се закитија: 

– Мила Стојанова -28 кг трето место;

– Филип Шипоски -25 кг трето место;

– Доријан Петкоски -26 кг прво место;

– Доријан Петкоски -34кг второ место. 

Одлични борби прикажаа и Катерина Клењоска, Божидар Јуловски, Матеј Балоски и Давид Спироски но не успеаа да се закитат со медал.

Exit mobile version