Во Струга се слави големиот христијански празник Богојавление Водици.
Свеченоста на спуштањето на Светиот Крст во водите на реката Црн Дрим на која присуствуваа голем број граѓани се одржа во 11:00 часот.
Крстот оваа година го фати Joван Рафтоски од Струга.
Среќниот фаќач на светиот крст беше даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата, од градоначалникот Рамис Мерко и спонзорите на манифестацијата.
Кум на манифестацијата оваа година беше Марјан Ќушкоски, а следната година кум ќе биде Бошко Пуроски.