Home Maqedoni Штајнмаер во прва посета на Македонија, посакува брзо зачленување во ЕУ

Штајнмаер во прва посета на Македонија, посакува брзо зачленување во ЕУ

Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та но прво мора да се посвети на внатрешните реформи – Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер со порака од Скопје дека никој не може да вети рокови кога би се случило тоа. Конкретно не одговори дали е можно ново вето од Бугарија на интегративниот пат, но испрати совет акцентот да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.

Македонскиот претседател пак бил уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време.

Како дел од дводневната агенда, Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средва и со премиерот Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.

Exit mobile version