10 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Швајцарските гласачи одобрија зголемување на возраста за пензионирање за жените

Гласачите во Швајцарија одобрија зголемување на старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години со исклучително мала разлика.    

На денешниот референдум, 51 отсто од гласачите беа за иницијативата чија цел е стабилизирање на пензискиот фонд, покажуваат првичните официјални резултати. Во меѓувреме, предвидено е зголемување на данокот на додадена вредност од 7,7 на 8,1 проценти за да се обезбеди доволно средства за пензии, откако 56 отсто од гласачите ја одобрија оваа мерка. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е со цел стабилизирање на пензискиот фонд најмалку во следните 10 години.

Според владата, чекорот е неопходен поради бројот на бејби бумери кои достигнуваат возраст за пензионирање и зголемување на животниот век. И левичарските партии и синдикатите водеа кампања против зголемувањето, тврдејќи дека Швајцарија најпрво треба да обезбеди жените да заработуваат исто колку и мажите.

– Ова не е добар ден за жените, изјави еден противник на иницијативата за швајцарската телевизија, пренесува ДПА. Овој потег треба да се амортизира со компензаторни мерки: Доколку реформата стапи во сила како што е планирано во 2024 година, жените родени меѓу 1961 и 1969 година ќе можат да се пензионираат предвреме под подобри услови или да добијат додаток ако работат до 65 години.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles