Home Maqedoni Шаќири – Паолучи: Светска банка е наш силен партнер во создавањето квалитетно...

Шаќири – Паолучи: Светска банка е наш силен партнер во создавањето квалитетно образование

Министерот Шаќири изрази задоволството од досегашната соработка во реализацијата на заемот на 21 милион американски долари за спроведување на реформите во образованието.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Светска банка Масимилијано Паолучи денеска во Скопје разговараа за квалитетно образование достапно и пристапно за секое дете, што е еден од врвните приоритети на коj продолжуваме забрзано да работиме и во наредниот период, соопшти Министерство за образование и наука.

-Министерот Шаќири изрази задоволството од досегашната соработка во реализацијата на заемот на 21 милион американски долари за спроведување на реформите во образованието, стратешка инвестиција на МОН која резултираше со низа активности, како што се промени во регулативата и интервенции во наставните програми, подобрување на условите во училиштата во различни региони, но и поддршка и унапредување на наставниот кадар. Министерот Шаќири ја истакна потребата од евалуација на досегашните активности и нивните ефекти. Исто така, потенцираше дека од огромна важност се и шесте предлог-закони или измени на актуелни закони кои се во собраниска процедура кои треба да бидат правна основа за понатамошни чекори во рамките на програмата за реформи во основното образование, информира МОН.

Дигитализацијата на образованието и понатаму останува во фокусот на МОН. Министерот Шаќири истакна дека ќе даде дополнителен поттик за зголемување на капацитетите со цел подобрување на поврзаноста и компјутерската инфраструктура во училиштата, како предуслов за реализација на дигитализација на услугите и пристап до интерактивни содржини за сите ученици. Тоа особено се однесува на оние од руралните средини, посочува МОН, со што ќе се обезбеди пристап до квалитетно образование за секој ученик.

– Овие измени би дале значаен придонес кон резултатите на самиот проект и на поуспешна образована реформа, соопшти Министерство за образование и наука.

Exit mobile version