Home Maqedoni Шаќири на Интеруниверзитетска конференција

Шаќири на Интеруниверзитетска конференција

Владината поддршка за високообразовните установи постојано ќе се зголемува.

Поддршката што универзитетите ја имаат од Министерството не само што ќе продолжи, туку и ќе се унапредува. Високото образование, науката, се чести теми на владините седници, затоа што нашите заложби за забрзан развој ги темелиме на вложување во човечки ресурси. Оваа го кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, обраќајќи се на седницата на Инеруниверзитетската конференција во Охрид.

Шаќири втор пат учествува на Интеруниверзитетска конференција со цел одржување лична комуникација и изнаоѓање ефективни решенија за предизвиците, преку инклузивен пристап. За кадровското јакнење на високообразовните установи рече дека е меѓу приоритетите на МОН и дека нови вработувања ќе има таму каде е неопходно.

„Продолжува и поддршка во сферата на науката. Финансиска рамка за поддршка на проектите на јавните научни установи од посебен интерес за државата како и за набавка на лабораториски ресурси, е тригодишна. Веќе се префрлуваат средства по овој основ. Планираните, речиси 250 милиони денари, ќе бидат реализирани. Од вас очекувам да го оправдате вложувањето на државата“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Интеруниверзитетската конференција е јавно правно тело составено од ректорите на универзитетите, претседателите на студентските парламенти на универзитетите, членови од редот на наставно-научните работници и еден член избран од редовите на директорите на самостојните високообразовни установи.

Министерство за образование и наука

Exit mobile version