Home Maqedoni Шаќири: Важно е наставата да остане со физичко присуство

Шаќири: Важно е наставата да остане со физичко присуство

Владата ќе ги искористи сите можности образовниот процес да не трпи поради енергетската криза. Министерот за образование Јетон Шаќири за Алсат изјави дека институциите работат на тоа наставата со физичко присуство да не се прекинува. Тој додаде дека до Министерството за образование нема барање од градоначалниците за реорганизација на учебната година. Ова веќе го побараа градоначалниците на општините од Полог со појаснување дека зимскиот распуст треба да се продолжи а учебната година да се пролонгира во јуни. Исто така, новата учебна година да не започнува на 1 септември туку на 15 август.

Ќе има анализа на финансиските показатели, анализа на буџетските индикатори, анализа на искористеноста на буџетските средства. Сите работиме за ова, но ќе кажам дека е многу важно наставата да биде со физичко присуство, учениците да бидат физички присутни и ние останатите правиме се наставата да биде со физичко присуство што е можно подолго“, рече Шаќири.

Министерот за образование Шаќири ја демантираше изјавата на првиот човек на Тетово Билал Касами кој во емисијата „200“ рече дека на тетовските основци им недостасуваат повеќе од 35.000 книги.

„Информациите што ги имам, во моментов во Тетово недостасуваат 35 илјади книги само во основните училишта, од прво до деветто одделение. Ако Владата не ги обезбеди книгите за овие ученици во разумен временски период, ќе најдеме начини да ги обезбедиме“, рече Касами.

„Во нашето министерство е целиот извештај колку материјали се доставени до општина Тетово, колку ученици биле присутни во процесот и како што побара училиштето, за прво, второ, четврто и петто одделение. Би ве замолил, освен да разговараме на телевизиски дебати , овие податоци да ги доставиме до Министерството, за кои предмети и за кое одделение“, додаде министерот Шаќири.

За немањето книги реагираше и Алијанса за Албанците. Партијата предводена од Таравари го обвини Министерството за образование дека е неодговорно и тотално неподготвено да ги снабди учениците со книги иако е веќе трета недела од учебната година. Исто така, АА рече дека книгите со кои располагаат учениците се речиси целосно уништени.

Exit mobile version