8 C
Struga
Friday, April 19, 2024
spot_img

Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари.

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.

Со ова, како што информираат од Царинската управа, е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки. 

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles