Home Botë ФТ: Украинците употребија запленети севернокорејски ракети против Русија

ФТ: Украинците употребија запленети севернокорејски ракети против Русија

Украинската армија употреби севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува денеска „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина.

Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот.

Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно ја обвинија Северна Кореја дека ѝ испорачува оружје на Русија преку морски патишта.

Северна Кореја и Русија негираат дека имало испораки на оружје меѓу двете земји, но украинските војници покажаа севернокорејско оружје запленето во Бахмут.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оваа недела го посети Пјонгјанг за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на корејската војна, што е прва посета на руски министер за одбрана на Северна Кореја од 1991 година.

Exit mobile version