Home Botë Фон Дер Лајен: Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат

Фон Дер Лајен: Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска во Киев вети дека следната недела ќе пристигне одговорот од Брисел на амбициите на Украина да се кандидира за членство во Европската унија.

Одлуката на Брисел за кандидатурата на Украина ќе ја одреди иднината на Европската унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со Фон Дер Лајен

„Сега се утврдува каква ќе биде иднината на обединета Европа и дали воопшто ќе биде. „позитивен одговор на Европската унија на украинската апликација ќе значи позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина“, изјавил Зеленски.

Exit mobile version