Home Botë Финска и Шведска пред портите на НАТО, во Берлин ќе се крои...

Финска и Шведска пред портите на НАТО, во Берлин ќе се крои стратегијата за Русија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО викендов во Берлин ќе  разговараат за долгорочната стратегија за Русија и можниот влез на Финска и Шведска во НАТО.

Ќе го загубат ли Финска и Шведска повеќедеценискиот статус на воено неутрални држави? Денеска и утре, на неформални состаноци во Берлин на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, но и на министрите на Шведска и Финска ќе се одлучува за иднината на двете земји во воената алијанса…

Владеачката финска Социјалдемократска партија денеска ќе го соопшти својот став за евентуалното приклучување откако државниот врв на земјата претходно објави дека барањето за членство во НАТО мора да се поднесе без одлагање додека пак Шведската социјалдемократска партија утре ќе одлучува за барањето за членство.

Откако вчера, турскиот претседател Ердоган се закани со можно вето, поради како што изјави поддршката која скандинавските земји ја даваат за Курдите, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека Вашингтон работи на разјаснување на позицијата на Турција.

Интеграцијата на Финска и Шведска во алијансата се актуализираше по руската инвазија врз Украина… Русија претходно неколкупати порача дека евентуалниот влез на било која од овие две земји во НАТО ќе го смета за закана а денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Александар Грушко изјави дека доколку НАТО распореди инфраструктура долж руската граница, Москва ќе мора да преземе соодветни мерки на претпазливост

„Русија нема непријателски намери кон Финска и Шведска и затоа не гледаме реални причини овие земји да се приклучат кон НАТО пактот. Нивното евентуално влегување е стратешко промена, а оваа промена не може да остане без политички реакции, како ни без анализи за последиците на новата распределба на сили која може да се создаде како резултат на уште едно проширување на Алијансата.

Во момент кога се зголемуваат тензиите околу канидатурата на Финска, Русија го прекина снабдувањето со електрична енергија за земјата.. Официјален Хелсинки потврди дека увозот е прекинат од денес, но дефицитот кој изнесува речиси 10% ќе го компензира со купување од Шведска и зголемување на домашното производство.

Exit mobile version