Home Maqedoni Финишира дебатата за новите министри, вечерва се очекува избор на нов кабинет

Финишира дебатата за новите министри, вечерва се очекува избор на нов кабинет

Хациенди и коруптивно стекнато богаство главна тема на денешната собраниска дискусија за изборот на новите четворица министри по влезот на Алијанса во Владата.

Од опозицијата и понатаму го таргетираше премиерот Ковачевски како главен во корупмирани бизниси, заедно со афери повразани за првиот вицепремиерот Груби. Власта пак, возраврати – хациенда скриена на име на зетот гради лидерот на ВМРО-ДПМНЕ чија вредност е поголема од тоа што може да се зработи само со професорка плата.

Опозицијата обвини повторно и за тоа дека власта турка неприфатливи уставни измени во корист на Бугарија со рушење на македонскиот идентите. Но, и тука власта обвини дека Мицкоски во амбасади ветува поддршка за истите.

Во дискусијата не се одбегна ни петочниот инцидент со дофрлањето на премиерот за физички изглед на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, па паднаа обвинувања за тоа кој е „папучар по дома“, кој е за геј парада, кој е за родител 1 и родител 2.

Exit mobile version