Home Maqedoni Учениците од основните училишта да не носат маски, предлага Комисијата 

Учениците од основните училишта да не носат маски, предлага Комисијата 

Комисијата за заразни болести, денеска препорача основците до 9 одделение да не носат маски во училишните клупи. На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата, Александар Петличковски посочи дека мерката носење заштитни маски останува за персоналот во училиштата.

Македонија се наоѓа во зелена зона во однос на епидемиолошката состојба со коронавирусот во Македонија, додадоа од Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок.

Сепак, оваа мерка која ќе биде предложена до Кризниот штаб и Владата, ќе подразбира и внимателно следење на состојбата односно ќе се следи како се движи бројот на новозаразени ученици во случај да треба да се ажурира мерката.

Exit mobile version