Home Maqedoni Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 6 степени.

Под влијание на влажен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне претежно во југоисточните делови од земјата, велат од УХМР.

Exit mobile version