Home Maqedoni Утре променливо облачно со слаб локален дожд

Утре променливо облачно со слаб локален дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во петок долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер. За време на викендот температурата значително ќе се намали, а времето ќе биде облачно, во недела со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, велат од УХМР.

Exit mobile version