Home Maqedoni Утре променливо облачно со локални врнежи од дожд

Утре променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови.

Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. На планините врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 9 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, на места засилен ветер од југозападен правец. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во пораст, велат од УХМР.

Exit mobile version