Home Maqedoni Утре претпладне сончево, од пладне нестабилно

Утре претпладне сончево, од пладне нестабилно

Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град.

Exit mobile version