Home Maqedoni Утре облачно со дожд, пообилен во вечерните часови

Утре облачно со дожд, пообилен во вечерните часови

Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Како што најавуваат од УХМР, во Скопската Котлина ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне и во вечерните часови.

Exit mobile version