Home Maqedoni Утре облачно со врнежи од дожд, на повисоките места снег 

Утре облачно со врнежи од дожд, на повисоките места снег 

Претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни, информираат од УХМР.

На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Времето во наредните денови: 

Под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено на западот. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено во среда снег ќе има и на повисоките места.

Exit mobile version