Home Maqedoni Утре во Собранието ќе почне расправа за новиот Закон за набавка на...

Утре во Собранието ќе почне расправа за новиот Закон за набавка на лекови за ретките болести

Утре власта и опозицијата ќе покажат на дело колку се итни и неопходни законските измени кои со нетрпение ги чекаат лицата со цистична фиброза. Пратеници велат дека за еден ден можат да бидат поминати собраниските процедури и усвоени измените на законите за лекови и здравствено осигурување. Со тоа, како што вети премиерот како предлагач, до крајот на годината и други пациенти ќе го добијат лекот трикафта. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да бараат повлекување на точките од дневен ред, но ќе реагираат амандмански. Пратеничката Дафина Стојановска тврди дека не смее да се дозволи договорената цена за набавка на лекови  да не биде достапна за јавноста бидејќи тоа е уште еден доказ за криминал во здравството.  Спремни се тоа веднаш да го образложат на комисија.

-Да дискутираме, да ги прифатат амандманите и потоа веднаш да се вратиме на пленарна седница – кај нас пленарни седници траеле до 6 сабајле за многу понебитни и неитни закони. Нема да бараме повлекување, но бараме будност од јавноста бидејќи ова е класичен доказ за криминал во здравството од кое профит ќе има само владата. Ако не ги прифатат амандманите, кога ќе биде гласање тие ќе надгласаат, прегласуваат и ќе ги усвојат измените, но и нивна ќе биде одговорноста, вели Дафина Стојановска – пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ нема проблем во предложените измени бидејќи на тој начин можат да добијат најповолна цена од производителот

-Ова е полесниот начин на набавка за да не се оди преку трети лица, колку што јас ги разбирам работите. Бидејќи секој што ќе увезе лек ќе стави маржа, потоа ќер ја понуди својата цена и затоа преку директни преговори со производителот се овозможува најповолна цена и тоа е општо познато во фармацевтската јавност, така да јас воопшто не се сомневам дека со диретно преговарање ќе се обезбедни најевтина цена з алекот кој во основа е многу скап, вели Ненад Коциќ – пратеник СДСМ.

Дали за еден или десет дена останува на пратениците да одлучат за усвојување на законските измени. Но што после нив. Премиерот најави дека тие не се само за цистична фиброза туку и други болни чија терапија е од еден производител.

По носење на законските измени, предвидените средства за набавка на лекови ќе се обезбедат или преку буџет на МЗ, доколку се програмска активност или преку ФЗОМ.

Ова се реализира во соработка со сите останати надлежни институции, ни одговорија од здравство.

И додека пациентите чекаат кога ќе стигнат на ред за современата терапија, оние кои веќе примија трикафта велат ефектите с емногу брзи и драматични и пациент кој беше на кислородна поддршка веќе нема потрерба од тоа. По нив уште четворица ќе добијат од лекот.

Exit mobile version