8.9 C
Struga
Friday, March 29, 2024
spot_img

Успешно заврши реконструкцијата на петте улици во стариот дел на Струга

Центарот за развој на Југозападниот плански регион и ангажираниот економски оператор – фирмата Маркоски К73 ДООЕЛ Струга успешно ја завршија реконструкција на петте улици во стариот дел на Струга. Со ова целосно се реализирани сите планирани активности во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Станува збор за реконструкција на улиците „27-ми Март“, „Нико Нестор“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ со должина од 600 м и површина од околу 3200 м2. На терен во изминативе неколку месеци се вадеа старите камени блокови, се постави нов тампонски слој и армирано- бетонска подлога, по што се изврши повторно монтирање на стариот камен со цел да се зачува автентичноста на старата чаршија, информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Вкупната вредност на извршните работи е скоро 13,6 милиони денари, а средствата се обезбедени од централниот буџет на државата, како и партнерот – Општина Струга.

Паралелно на улиците се реализираше и проектот на Општината за поставување на нова водоводна мрежа и обезбедување приклучоци за околу 100 семејни куќи во овој дел на градот, за што дополнително беа вложени околу 5 милони денари од буџетот на Општина Струга. На споменатите улици беа поставени и нови водови на ЕВН, Телеком и локалните провајдери, информираат.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, покрај во Струга, во рамките на споменатиот проект изведуваше работи за реконструкција на улици во објекти и во Охрид, Вевчани и Центар Жупа за што вкупно се вложени околу 50 милони денари.

Поголем дел од средствата се од Буџетот на државата, но и од сопствено учество на општините-партнери во проектот. Целта на проектот е преку подобрување на локалната инфраструктура да се подигнат туристичките перформанси на општините, како и да се зајакнат економските активности во таргетираните средини, додаваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles