8.9 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Украинците тврдат дека Русите се закануваат со кревање во воздух нуклеарката Запорожје 

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека Русија „отворено го уценува целиот свет“ со закана дека ќе ја крене во воздух нуклеарната централа Запорожје.

Властите на таа земја тврдат дека руските војници поставиле експлозив во погоните на нуклеарната централа.

Агенцијата го цитира генералот Валериј Василјев, шеф на руските сили за нуклеарна, хемиска и биолошка одбрана, кој рече дека „ќе има или руска земја или изгорена пустина“.

„Како што знаете, ги кревавме во воздух сите важни објекти на нуклеарната централа Запорожје. И тоа не го криеме од непријателот. Ги предупредивме. Непријателот знае дека централата ќе биде или руска или ничија. Ние сме подготвени за последиците од овој чекор.А вие борци мора да разберете дека нема втор пат.Ако дојде најтешката наредба, мораме чесно да ја извршиме!“, наводно рекол Васиљев.

Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа во југоисточна Украина на почетокот на март, но со неа сè уште управуваат украински техничари, пишува Sky News.

Денеска, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на меѓународните инспектори да добијат пристап до централата во Запорожје.

„Секој напад на нуклеарна централа е самоубиство“, рече Гутереш на прес-конференција во Јапонија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles