Home Botë Украинската армија тврди дека во руски напади се убиени петмина цивили, 12...

Украинската армија тврди дека во руски напади се убиени петмина цивили, 12 се ранети

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.

„Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“, соопштија украинските вооружени сили на „Фејсбук“.

Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а уништени се четири тенкови и четири дронови. Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.

Во објавата не се прецизира кога се случиле нападите.

Exit mobile version