Според украинските податоци, од почетокот на инвазијата загинале над 93 илјади војници.
Украинската армија убила уште 340 руски војници во последните 24 часа. Во битките на 8 декември биле изгубени и два руски борбени тенкови, две оклопни борбени возила и два артилериски системи.
Соборени се уште два дрона, кои биле користени за напад на украинската инфраструктура и станбени области. Ова се бројките презентирани од украинската страна. Објавената руска статистика покажува многу помали загуби.