9 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Украина официјално поднесе барање за членство во НАТО

Украина официјално поднесе барање за членство во НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше овој потег.

„Ние сме веќе де факто сојузници. Де факто, веќе докажавме компатибилност со стандардите на Алијансата. Украина поднесува барање за потврда de iure, по забрзана постапка“, рече Зеленски.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во август изјави дека воената алијанса „не може да биде рамнодушна кон агресијата што Русија ја спроведува во Украина“. „Гледаме напади врз цивили и уништување што не е забележано од Втората светска војна“, рече тој денеска во Норвешка.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината борба против Русија, но призна и дека оваа поддршка има своја цена. „Ја плаќаме цената за поддршката на Украина. Плаќаме за воена, хуманитарна и финансиска поддршка, за санкциите кои доведоа до инфлација и повисоки цени во нашите земји“, рече шефот на НАТО.

„Но запомнете, цената што ја плаќаме може да се мери во пари. Цената што ја плаќа Украина се мери со човечки животи. Секој ден има стотици убиени или повредени“, додаде тој.

„Светот во кој Путин го добива она што го сака преку воена сила е поопасен свет и за нас. Ако Русија победи во оваа војна, ќе има потврда дека насилството функционира. Тогаш другите соседни земји би можеле да бидат следни“, заклучи Столтенберг.

Членките на НАТО остро ја осудија намерата да се одржи т.н референдум на територијата на Украина под руска окупација и ја отфрли руската „неодговорна нуклеарна реторика“. „Силно го осудуваме планот да се одржи таканаречен референдум за приклучување кон Руската Федерација на украинските области делумно контролирани од Русија“, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет, тело составено од амбасадори на земјите-членки на НАТО.

Русија најави одржување референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Членките на НАТО нагласуваат дека никогаш нема да ја признаат нелегалната и нелегитимна анексија на украинска територија. „Тоа е украинска територија. Ги повикуваме сите земји да ги отфрлат очигледните руски обиди за освојување на териториите“, се вели во соопштението.

Во соопштението се отфрла и „неодговорната нуклеарна реторика“. „Русија сноси целосна одговорност за војната, огромното страдање што нејзината агресија му го носи на украинскиот народ, како и цената на нејзината војна, вклучително и за рускиот народ кој сега се мобилизира. Русија го има крајот на конфликтот во свои раце и мора веднаш да ја прекине оваа војна и да се повлече од Украина“, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles